ТРАДИЦИЈА И ХУМАНОСТ

По 13-ти пат органзирано одбележан патрониот празник Свети Никола

DSC 0452

Во духот на еднаквоста и хуманоста, по 13-ти пат организирано беше одбележан патрониот празник на градот Свети Никола со посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми и грав под ведро небо.

Домаќин на чествувањето беше семејството на градоначалникот Илија Јованоски на кое празникот Свети Никола им е и семејна слава.

DSC 0367-630x420

– Во името на заедништвото, со почит, со љубов, со подадена рака, со чиста мисла, со големо срце, денес да го прославиме овој свечен ден. Голема чест е што сме домаќини на градската слава – рече ВиолетаЈованоска, сопруга на градоначалникот.

Семејството Небрежанец се идните домаќини на градската слава.

– Благодарам за честа што моето семејство ќе го има кумството за наредната 2019 година – изјави новиот домаќин, Кирил Небрежанец.

5922-prilep-go-slavi-praznikot-sv.-nikola-960x600-17

Свети Никола од оваа година е ден на хуманоста и еднаквоста. Општината ја насочи грижата кон граѓаните со ретки болести. Собраните средства од хуманитариот светиниколски турнир во мал фудбал ќе бидат доделени на децата со ретки болести, меѓу нив и на оние со цистична фиброза. Општината е иницијатор на хуманитарната акција „Подај рака-биди човек”, реализирана од здружението „Епилепсија Македонија” и од општинската организација на Црвениот Крст.

Се верува дека Свети Никола им помагал на сиромашните, гладните девојките…

003

Loading