ИСТОРИСКИ РАСКАЗИ ОД МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul

Марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал, се и оние за настаните од Втората светска војна. Ги зачувал прибелешките во кои опишува случки кои му оставиле длабоки траги во меморијата, а кои биле поврзани со неговите блиски. Негова цел е да ги пренесе приказните од народноослободителната борба користејќи разговорен јазик. Не е прв пат Томе Велјановски да пишува за селото Марул. Во изминатиот период на страниците на Зенит ги пренесовме неговите белешки за родословијата во овој крај.

Глава 6

После денот Св. Никола зимен во 1944 година, албанските балисти извршија силен напад во гостиварско над македонските воени единици каде се одвиваше страшна борба кај албанските села Врапчиште, Форино, Чегране, Челопек. Македонската војска беше страшно потисната и почна да се повлекува, одстапува од позициите. Жените партизанки, болничарки, лекарки, сестри итн., исплашени се дадоа во бегство. Долгите коси им се заплеткуваа со ножот, бајонетот или палење на косите со кибрит да се спасат нивните животи.

И на ваков силен балистички напад, македонските борбени единици не им подклекнаа, поддршка од другите македонски воени единици, бригади од Кичево, Тетово. Албанските балистички напади беа одбиени и поразени. Балистите се повлекоа, но голем дел беа заобиколени и се предадоа. Беа спроведени во затворите во Тетово, Кичево и Скопје. Со овој пораз на албанските балисти му беше скршена кичмата и понатака се појавува со напади во групи со помал интензитет. Секогаш беа одбиени и поразени од македонските воени борбени единици, од партизаните.

На 1 јули 1945 година во Главниот штаб на македонската воена команда направен е воен куп во Скопје по наредба така речено од Тито. Македонскиот воен кадар од официјалните 90 отсто беа сменети како неспособен кадар, а на нивно место беа донесени старешини повеќето од Србија.

Во гарнизоните Битола, Скопје и Штип дојде до воен бунт. Во Скопје донесоа воени убијци од Србија кои без милост во Калето и во Скопје ликвидираа неколку илјади македонски војници кои се спротивставија да одат на Сремскиот фронт.

Македонската војска се спротивстави на таквата одлука со изговор дека не сакаат да одат надвор од нашата држава во војна и коски да остават за туѓи интереси. Кој сака своја држава, нека се бори и створи своја држава.

Пропагандата од непријателите беше изопачена кога македонските офицери наместо во Срем сакаа да одат на Солун. Уште еднаш повторувам македонската војска беше излажана за да го остави оружјето, ќе добијат ново и ќе одат на Солун. Ја разоружаа војската, извршија крвнички масакр, ја помешаа со албанските балисти од затворите, ја измешаа, ја товарија на воз под познатиот 15-ти корпус, некаде преку 3 000 корпусисти ги однесоа на првата борбена линија на сремскиот фронт како топовско месо на германското современо оружје. Нема отсуствување позади нивните гробови стојат само српски офицери.

Коските нивни останаа по сремските мочуришта, нема важност и почитување од никого, ќе остани во историјата за водачот, командантот на 15-тиот корпус, Македонецот, шпански борец Александар Дамниевски Бамјана да однесе албански и македонски народ на “кланица” во Срем. Ниту албанските балисти направија Голема Албанија, ниту Македонците отидоа на Солун.

Глава 7

Некоја дополнителна работа што е заборавена или намерно отстранета од историјата на македонската НОВ за време 1941-1945 година.

Како што е познато македонскиот народ од банова – вардарска Македонија во 1941 година господарите од Србинот со Бугаринот. Двата господари беа непријатели за македонскиот народ. Нивната тортура и асимилација што е правена над македонскиот народ не треба да се заборави, тоа е дел од националната историја на македонскиот народ.

Со одењето на едниот окупатор и доаѓањето на новиот окупатор и одземањето на националната култура на македонскиот народ преку своите родољубиви и чесни патриоти водачи револуционери даваше отпор и се ширеше националната борба кај македонскиот народ, бавно но сигурно. Веќе во 1941 година се организираа воени одреди кои извршија напад на Участакот, поштата и телефонската мрежа на 11 октомври во Прилеп и одржа митинг во с. Царевиќ на денот Митровден.

Воените единици, одреди како од гратското исто и од селското население беа поддржани морално и материјално. Македонските борбени единици партизаните немаа некое воено наследство, оружје облека, храна и др. бугарската војска по капитулацијата во месец септември 1944 година према потпишаниот договор со македонското воено раководство за ненапаѓање едни со други се повлече мирно и си го повлече својот воен материјал како оружје, облека и храна за Бугарија. Македонските војници, велам партизани, повеќето беа приватно снабдени со облека и храна од домовите, од селата од каде потекнуваа.

Селаните кои имаа свои војници партизани се групираа во групи и одеа кај своите војници партизани, им носеа храна, облека и обувки. Додека војникот руча неговите посетители му ги стрижеа вошките со бајонетот од пушката. Сменетата облека се враќаше назад дома за перење и чистење од вошките. Наредната пратка повторно му се враќаше облеката и обувките заедно преку одреденото лице со храна. Ова не е за потсмевање, туку тоа е вистината од тоа време.

Македонските борбени единици нараснаа до 66.000 македонски борци и 67 народни херои и ја направија без ничија помош ова држава денес, но тука има работа во која се негирани народните борци за народни херои од политички причини. Треба да се земе реалната политичка вистина кога ќе се величи југословенското братство и единство. Не само Македонците со својот труд ја направија македонската држава сосема слабо учество на малцинствата, без учество на воени единици од другите југословенски републики. Сите тие републики имаа свои влади со хитлеровска Германија. Македонскиот народ тоа го немаше. Албанскиот народ беше во коалиција со мусолиновата Италија се до нејзината капитулација во август 1943 година, од каде добива секаква воена помош. Само Македонија немаше окупаторски пријател да и остави воен материјал. Македонците се спремни морално и материјално да ја направат својата држава. Сепак присилно беше натерана македонска помош преку 15-тиот корпус и македонската воена дивизја да земат учество за ослободување на другите југословенски републики со близу педесет илјади македонски војници.  

(продолжува)

Loading