НА СЦЕНА „АВАНТУРИТЕ НА ПИНОКИО“

Се подготвува претстава за деца

Nov proekt na del od ansamblot na  teatarot

Во театарот во тек се подготовките на претставата за деца „Авантурите на Пинокио“, која по фантастичната книга од Карло Колоди, ја режира Дарко Ковачовски. Драматизацијата на пиесата е на режисерот Ковачовски заедно со Надја Василева Ковачовска, која е и автор на сценографијата, костимографијата и креатор на куклите.

-Многу важно е еден епски материјал напишан во проза да се преведе  на јазикот на сцената. Работевме месец ипол на драматизацијата. Замислата се реализира сценски.  Се работи за куклено драмска претстава. Има една кукла Пинокио и глумците кои ќе ги играат другите улоги – лисицата, мачката, таткото, штурчето… Пораката на Пинокио е актуелна. Говори за едно дете кое преку своите неуспеси пораснува. За да добиеш срце не е потребно да си дел од големиот свет, туку да имаш сочувство кон другите – вели Ковачовски, најавувајќи дека премиерата ќе биде за краток период.

Играат, Јасмина М. Станкоска, Димитар Црцороски, Андон Јованоски, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела Иваноска и Катерина Чакмакоска Клинческа.

Loading