СЕНО ВО АПТЕКАТА

Некоји селанец отишол на пазар меѓудругото да купи и сол. Човекот бил вешт, но со други мисли влегол во аптеката, без да погледа каде е. На шалтерот и прашал:

-Дали имате сол?

Уште не проговорено, некој помлад аптекар со вулгарен глас му одговорил.

– Сол бараш во аптека?

Селанецот почнал да се извинува што згрешил, а аптекарот му рекол:

-Оох, селанец еден, сол овде немаме!

Човекот излегол и по извесно време се вратил и пра­шал кај колегата на првиот аптекар.

-Дали имате сено за продавање?

Се погодил паметен аптекарот и му рекол

-Чичко, ова е аптека. Овде се продаваат лекови за луѓе.

– Знам – рекол мудриот селанец – но да ве прашам вас – и покажал на младиот аптекар, со што го раните оној вол, што пред малку рикаше по мене кога прашав дали имате сол?

Loading