СПЕКТАКЛ НА ФРИЗЕРИ, БЕРБЕРИ И КОЗМЕТИЧАРИ

За викендов

frizeri berberi i kozmeticari

Aleksandar PetreskiZoran BoskoskiЗдружението на бербери, фризери и козметичари вторпат го организира Прилеп специал схоњ. Над 150 фризери, бербери и козметичари од Македонија и странство ќе бидат дел од големиот спектакл на 2 и 3 декември  во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Организатор е здружението на ФБК-Прилеп.

На манифестацијата групите ќе одберат омилена сцена од одреден филм што ќе ја презентираат спрема стајлингот на актерите и ќе одредат фризура и шминка.

– Од Македонија ќе учествуваат 20-тина групи со 5 модели. Ќе се видат модни креаци и ексклузивни гости од Словенија, Србија, Косово и Грција. Програмата ќе биде збогатена со ревии на невестински фустани и невестински фризури. Вечерта на првиот ден, забавата ќе продолжи во фоајето со ДЈ и караоке шоу, програма на стенд ап комичари како Марјан Ѓорѓиевски. Водител ќе биде Александар Блажевски. Програмата содржи и технички и едукативни семинари од најпознатите фирми во светот козметиката и убавината. Понеделникот е резервиран за едукации и презентации. Специајлни гости се Митја Тавчар и Ред кат од Словенија, Бобо Шаула и Снешка Вуксановиќ од Србија и Димитрис Папас од Грција – велат организаторите од здружението Зоран Бошкоски и Александар Петрески.

Манифестацијата ќе се збогати со 15 штандови на врвни производи со саемски цени. Ќе се презентираат прибор, алати што ги нема во продажната мрежа. Спонзори се фирмите Бела бејли, Урбан ацесорис, Винаријата Пирган и Тонка транс.

poster

Loading