ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПОМОШ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

penzioneri

Секоја година Комисијата за распределба на средства наменети за еднократна и друга помош при Здружението на пензионерите доделува околу 1.5 милиони денари. За годинава, според сознанијата за потребите за помош посебно на членовите со пониски примања, по повеќе основи, ќе бидат доделени околу два милиона денари. 

На три наврати  досега Комисијата на 350 членови им додели еднократна помош по три и четири илјади денари, зависно од дијагнозите на болестите и потребите. За оваа намена се доделени околу 1.5 милиони денари. Потоа за бањско лекување околу 300 илјади денари им беа доделени на осумдесетина пензионери. Според список од ограноците, Комисијата ќе им додели социјални пакети во разни прехранбени производи од по илјада денари на 180 членови пред новата година. На овој начин, на пензионерите ќе им се овозможи да набават колонијални и други производи да ги прослават порелаксирано новогодишните празници.

Шеесетина илјади денари годинава им беа доделени на пензионерите кои имаа несреќни случаи од пожари или други временски непогоди. За сите намени Здружението ќе додели околу два милиона денари.

Комисијата уште одсега за в година има планирано повеќе средства за вакви и слични намени. Се планира да биде зголемен износот за активностите на комисиите за култура, посебно за спортистите и социјалните случаи.

Loading