ПРОТЕСТ НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ

Со мирен протест неколку десетици матичните лекари изразија револт против предлог договорите на Фондот за здравствено осигурување и строгата казнена политика. Велат дека тоа е причината поради која десетици колеги заминале во странство последните 10 години. Доколку не се најде решение, тие нема да ги потпишат договорите со Фондот.

-53 матични лекари бараме покачување на капитациониот бод и пациентите да се водат на приватните здравствени установи. Се надеваме дека Министерството за здравство ќе покаже слух за обострално решение во интерес на пациентите – вели д-р Билјана Зајкоска Трајкоска, матичен лекар.

Во просек секој матичен лекар има 1159 пациенти за кои Фондот исплаќа 104.367 денари.

Вакви протести претходно се одржаа и во други градови низ Македонија.

Loading