Незаборавна дводневна екскурзија во Мокра Гора, Србија, имале дел од активот на жените на Здружението на пензионерите.
-Уживавме во убавините на древниот и „холивудски град“, на Емир Кустурица каде се снимени повеќе филмови – вели претседателката на Снежана Димеска.
Пензионерките се воодушевувале од Милешевскиот манастир, го виделе Златибор и го разгледале манастирот Свети Николае кај Чачак. Оддале почит на ученичките жртви во паркот Шумарице кај Крагуевац.