РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ

В година

Локалните власти в година ќе вложат 40 милиони денари за комплетна реконструкција на дел од булеварот ,,Гоце Делчев,, и дел од улицата ,,Прилепски бранители,,. Ќе се реконструира и мостот на улица ,,Трајко Николоски,, кај магацините на Центропромет. Со 35 милиони денари ќе се доврши реконструкцијата на градскиот стадион.

Тоа се капиталните проекти за в година, за кои Советот на Општината даде виза за реализација.

За ублажување на последиците од невремето летоска во околината на селата Мало и Големо Коњари, советници им доделија на земјоделците шест милиони денари.

Советот даде зелено светло за набавка противпожарно возило за  3,8 милиони денари.

На барање на Државниот завод за ревизија, Советот отпиша од правни лица и самостојни вршители на дејност 100 милиони денари за последните десетина години за неплатена фирмарина, комунални такса за музика, за огласи, објави и реклами и такса за користење простор пред деловен објект, бидејќи побарувањата се од фирми избришани од Централниот регистер.

Loading