ПРИЛЕПЧАНИ НА МОН БЛАН

meri-i-aleksandar

Мери Мирческа и Александар Стојкоски ќе го претставуваат Прилеп и Македонија на најпрестижната светска трка во планинско трчање во Шамони, Франција, во подножјето на „покривот” на Европа, Мон Блан.

Трката што ќе се одржи на 30. Август, 2019 година. Должината на патеката е 171 км.. Оганизацијата е на Меѓународната асоцијација за трчање во планина (ИТРА). Двајцата спортисти ќе учествуваат на најпрестижната трка во планинско трчање.

Минатите три години Мирческа и Стојкоски учествувале на повеќе трки во земјава и странство,  стекнувајќи доволно поени за учество на трката во Шамони, Франција.

Добитници се на Третоноемвриска награда за спортски достигнувања последователно во 2016 и 2017 година. Двајцата се рангирани како најдобри планински тркачи во Македонија во женска и машка категорија.

Loading