НАГРАДИ ЗА ПРОЗА И ПОЕЗИЈА

По повод месецот на книгата

nagradi biblioteka

Наградени се најдобрите песни и раскази на конкурсот за најдобра лична творба, за 2018 година, што градската библиотека „Борка Талески“ го организираше по повод Месецот на книгата.

Во категоријата од прво до петто одделение наградени се песните на: Лаура Кајџаноска од ОУ „Климент Охридски”, на Матеј Бунтески од ОУ „Блаже Конески”, Филип Стојкоски од ОУ „Рампо Левката”, Анита Манческа од „Круме Волнароски” од Тополчани и Леонид Иваноски од ОУ „Гоце Делчев”. Наградени се расказите на Теодора Жежоска од ОУ „Блаже Конески”, Мила Вршкоска од „Рампо Левката”, Горјан Ристески од „Климент Охридски” и Андреј Станкоски од “Рампо Левката”. Од петто до деветто одделение наградени се песните на Матеа Стојаноска од „Рампо Левката”, Дафина Богоеска од „Круме Волнароски”, Илина Тодороска од „Добре Јованоски”, Антонио Атанасоски        од ОУ „Мирче Ацев” од с. Лажани, Барбара Мицеска од „Кире Гаврилоски” и Офелија Настеска од „Гоце Делчев”. Наградени се расказите на Тамара Насевска од „Добре Јованоски”, Михаела Сотироска од „Блаже Конески” и Семира Реџепоска од „Добре Јованоски”.

Од средношколците наградени се за песна Тамара Мирческаод СОУ „К. Ј. Питу”, Фросина Паскоска и Александра Стеваноска од „Орде Чопела”,, Теона Ацеска, Елена Николоска и Елена Андоноска од Гимназијата „Мирче Ацев”. Наградени се расказите на Тамара Мирческа, Христина Нунеска и Елена Талеска од  „К. Ј. Питу”.

Во категоријата, членови на литературни клубови награди за песни освоија Весна Шереметкоска, Живко Горноселец и Снежана Паноска.

Loading