ПОДЕБЕЛИ СМЕТКИ ОД ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА

DSC 0530

Мнозинството на Советот на Општината даде виза за воведување на нова услуга за прочистување на фекалнните води. Новата услуги ќе ги зголеми сметките за вода за 17,35 денари по кубен метар. Или според изјавата директорот на ЈП Водовод и канализација Емил Јанески за околу 50 проценти од досегашната сметка за потрошена вода и за одведување на фекалните води. Наплатата на новата услуга ќе стапи на сила откако пречистителната станица ќе ја преземе за експлоатација и одржување ЈП Водовод и канализација.

Опозициската советничка група на ВМРО – ДПМНЕ предложи дел од трошоците за пречистителната станица да паднат на товар на локалната самоуправа за да им се олесни на семејните буџети на граѓаните од новата давачка.  Мнозинството не го прифати предлогот.

Образложувајќи ја висината на предложената цена за пречистување на отпадните води од 17.35 денари по кубен метар, Јанески рече дека таа е за 25-30 отсто пониско од цените предложени од Регулаторната комисија.

Иако Регулаторна комисија изготви решение, просечната тарифа за 2019 година да биде 20.66, а за 2020 да изнесува 21.45 денари за метар кубен, Советот утврди 17.35 денари за метар кубен да биде цената на услугата за пречистување на урбаните отпадни води.

precistitelna-stanica-Prilep-2

Паралелно тече процедурата за преземање на сопственоста на пречистителната станица, првин од Република Македонија на Општината, а потоа советниците согласно со договор од 2008 година, ќе донесат одлука управувањето и одржувањето на објектот да го има ЈП Водовод и канализација.

Координаторот на советничката група аа ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески оцени дека одлуката е штетна, оти граѓаните ќе добиваат повисоки сметки за 17,35 денари по кубен метар.

 -Тоа е околу 60 отсто повисоки сметки на ЈП Водовод и канализација во споредба со оние кои досега се плаќаа. На почетокот на годинава се зголеми и центата на услугата за одведување на фекални води од 3 денари на 5,28 денари или за над 70 отсто повеќе. Или ако досега едно семејство плаќало околу 500 денари за вода, со новата услуга сметката ќе биде околу 800 денари. Разликата е дополнителен товар. И ова зголемување е за вработување на партиски војници во ЈП. Колку за илустрација само во пречистителната станица се ангажирани 25 луѓе, додека во Струмица, со двојно помал капацитет, се петмина. Бидејќи Општината е во добра финансиска кондиција, предложивме субвенционирање од локалната самоуправа или Владата но овој предлог беше одбиен.

Тој го потсети градоначалникот Илија Јованоски за изборното ветување за намалување на цената на водата за 20 отсто кое никогаш не се исполни.

prilep

Loading