ЕЛЕКТРОНСКИ ПРИЈАВИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

DSC05013

По најавата и се почестите информации каде ќе се најдат пензионерите со примањата и што по укинувањето на рамниот данок, во пензионеркиот клуб  екипа од УЈП објаснуваше што треба да се направи околу даночните промени. Пензионерите поради годините, а и поради за нив малку посложената операција  на користењето на информатичката технологија, тешко се снаоѓаат во примената на новиот начин на пријавување на приходите. Затоа тимот на УЈП им отвори на стотина пензионери електронски даночни пријави и ја објасни  постапката за електронско пријавување во системот.

На пензионерите им се најавија и навремени нови информации што претстојат со даночните измени.

Loading