ВИТАМИНКА СЕ ПРЕТСТАВИ НА САЕМ ВО СОФИЈА

Saem 3 

Витаминка се претстави на 17. издание на саемот Интерфуд & Дринк во Софија. Меѓународниот саем е најголема манифестација за презентација на  прехранбена индустрија во Бугарија. Саемот е еден од најпрестижните во прехранбената индустрија во Југоисточна Европа. Тој е одлична можност за претставување, воспоставување контакти и отворање нови деловни прилики. Зголеменото меѓународно присуство овозможува создавање деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање на нови партнери и пазари. На саемот се организираат и дополнителни активности, групни форуми како и индивидуални состаноци и презентации.

Со своите производи Витаминка веќе е присутна и позната на бугарскиот пазар, а Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и други се веќе препознатливи брендови во оваа земја, докажани со својот квалитет. 

Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на саемот ја зацврстува позицијата на бугарскиот пазар и создава простор за отворање потенцијални нови пазари и за нови пласмани.

Loading