МОРИ, МОРИ ОД МУЛЕН РУЖ

-Кај си мори!

-Тука сум, кај че ом.

-Те немам видено појче време. Си реков да не си лидната некаде.

-Не мори! За кај сум на овие години.

-За секаде мори, шо те гледам чудна? Шо ти фали, ко кокорочка си.

-Така ти се чини. Душичкава ми знај.

-Види ја ти неа!. Ао те подберам ,че ти кажам убо. Вака мори, ко шо те гледам, ти треба Цвета да се викаш, а не Трпана.

-Остај ме жено, не ме јадосувај од сабајле. И така притисоко ми е кренат до небо. Колкојве, врта ли врта. Ко сврдле да има внатре.

-Ту, ту, голема работа. Ко само ти да си со притисоко. За колкојте, лесна песна. Масажа и толку. Само треба да го погодиш масеро.

-Мори, врта коските, не месото. Шо те гледам чудна. Уште на оној мојон да му речам дека ми треба масажа! Че треба да се шминкам после?

-Ако нејчи тој, че бараш друг. Плајчајне на рати!

– Убо! После и наочари за сонце треба да носам. Мори. ти здрава си или забегуваш по малце. Кај ме најде? Друга не сретна сабајлево?

-Ниедна. Само ја видов комшивкана со она песо.

-Шо не си попрај со незе муабет. Че ти поминеше јадежо.

-Не можев. Наведната беше. И не ми оди со незе муабето.

-Шо се наведнала од сабајле. Рано е за незе. Да не í квичел песо, па не можела да спие?

-Го метеше дворо.

-Шо зборуваш? Кога метела таа двор?

-За чудо, мори златна сестро, ама ај шо метеше, ама и пееше.

-Дури сега не ти верувам ништо.

 -Сакаш верувај сакаш не. И песничка за мерак тераше. И ѕунеше гласо. Не ми текнува сега која беше. Нешто за пиле, како славеј да запеал, не беше чавка, па нешто на сабајле. Да ме отепаш не ми текнува.

-Се слушаш шо зборуваш? Чавка ти го зела умо!

-Чавка, чавка, ко нема славеј.

-Шо си запнала ти славеј, та славеј. Ене јас имам славеј дома. Шо фајде? Се заклети, никако да запеј.

-Тој не мора да пеј. Ти да пејш, ко комшивкана!

-Не дека не подпевнувам,ама… Како беше она, лани еднаш годинава поретко.

-А да му ги мениш нотите. Можи до нив е?

-Знајш оти си во право. Така че напрам. Ти, како си со пеењето.

-Остај ме мене. Другпат ко че се сретниме, че прајме муабет. Дотогај да го средам притисоко некако.

-И колкојте, не ги заборавај да им најдиш лек.

-Че се снајдам, мори шута! Шо ме мислиш ти мене, шантаклер!

-Мулен Руж!!!

Џага Дур

Loading