ВИТАМИНКА СО ПОДДРШКА НА ПРЕСПАВ И БУКЛЕ

Prespav

Витаминка ја продолжи поддршката на серијата „Преспав“, а ја потпомогна и  македонската естрадна ѕвезда Калиопи Букле да го издаде новиот сингл „Пресуда“.

Витаминка го поддржува снимањето на серијата Преспав уште од почетокот, помагајќи го развојот на современата македонска ТВ продукција. Поддршката за хумористичната серија продолжи и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант како еден од реквизитите во ситком-от. Брилијант како и другите производи од Светот на вкусовите на Витаминка стана дел од оваа хумористична екранизација на македонскиот живот и ќе се испреплети со приказната, ситуациите и животите на јунаците од серијата. Компанијата сними и рекламно видео кое е дел од новата кампања на Брилијант и каде се вклучени дел од актерската екипа на серијата, Ула (Тијана Дапчевиќ), Марио (Васил Зафирчев), Талат (Дритон Вејсели) и Коста (Игор Ангелов). Рекламата се снимаше во студио на МТВ, каде се снима и новата сезона на Преспав.

Македонската естрадна ѕвезда Калиопи Букле и го претстави на јавноста видео записот на новата песна „Пресуда”. Во реализацијата беше вклучена и Витаминка, како редовен поддржувач на музичката продукција. Целта е заедничка успешна промоција на Витаминка и нејзините брендови, во Македонија и регионот.

„Пресуда” е моќна балада полна со емоции, испеана на српско-хрватски јазик. Во видео записот, покрај македонската дива, се јавува и брендотАтлантис, како дел од сценографијата. Со позиционираноста на брендовите Витаминка и Атлантис, дополнително ќе се промовираат производите на сите околни пазари. Видео записот е снимен во најголем дел во Градски парк во Скопје.

Kaliopi - Presuda

Loading