ЛАВРИ ЗА УСПЕШНИТЕ

Свечено доделени третоноемвриските награди

Zivotno delo - Selimova  Zelceski

На свечената седница на Советот на Општината во големата сала на ЦК „Марко Цепенков”, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3-ти Ноември им беа доделени плакетите и дипломите на здруженијата и поединците кои постигнале особени резултати во 2018 година.

Годинешната награда за животно дело „Златна плакета”, отиде во рацете на дуетот Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчески. Наградата им беше доделена за нивните достигнувања во промоција на македонската музика надвор од границите на нашата држава.

Плакети „3-ти Ноември” им беа доделени на Ротари клубот, здружението „Ромска солза”, Центарот за современа ликовна уметност, џудо клубот „Сеишин” и планинарското спортско здружение „Козјак”.

Со дипломи „3-ти Ноември” беа наградени историчарот Рубин Белчески, докторот Владо Ѓорѓиески, а наградата ја прими неговиот син, саатчијата Димитар Чучуроски, наставничката Сузана Николоска, уметникот Драгомир Михајлоски – Пижа, џудистката Теодора Ристеска, поетесата Снежана Паноска и каратистката Валентина Пурдеска.

Во обраќањето пред членовите на општинскиот Совет, пред добитниците на наградите и останатите присутни, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека во историскиот датум, во денешната слобода, своите животи ги вградиле над 650 прилепчани. Јованоски рече дека битката за економски развој, за нови работи места и запирање на иселувањето на младите, за модернизација и урбанизација на секој дел од градот, за сестран инфраструктурен, образовен, културен и спортски развој на Прилеп, се води секој нов ден.

Nagradi 1

Nagradi 2

Nagradi 3

Nagradi 4

Nagradi 5

Nagradi 6

Nagradi 7

Plaketi 1

Plaketi 2

Plaketi 3

Plaketi 4

Plaketi 5

Loading