ОЏАТА СО МЕРАТА НА ЧАЛМАТА

Говедарот Богдан го истерал селското стадо на пасење на ридот.  Откако се растурил добитокот, легнал на тревата на топлото сонце и заспал.  Веројатно сонувал нешто убаво и палежнио да му станал. Селскиот оџа го видел како спие со лренат палежен како оска, ненормален во должината и дебелината. Скинал оџата ед­на сламка од тревата, да му го мери. Го измерил и ја закачил сламката во чалмата. Заминал дома, оставјаќи го говедарот да спие. Мерата, со која сакал да прави мајтапи со селаните, ја забо­равил на чалмата. Анамата на оџата ја зела чалмата со закачената сламка да ја чисти и го прашала оџата:

-Ефенди, право ќе ми кажиш, како божји човек, без лажење. На чалмата најдов сламка како мера. Случајна е или не – прашала домаќинката.      

Ендара – мендара, оџата, со кикотење, í кажал за бујното ,,месо,, меѓу нозете на говедарот.

-Му го мерив да им покажам на села­ни­те со какво природно оружје располага сел­скиот говедар – рекол оџата во смење.

Анамата си го врзала муабетот в крпче. Мислела како да дојди до говедарот. И текнало. Едно утро, кога оџата не бил дома, отишла средсело, каде Богдан  ги собирал говедата. Без да ја прати својата крава, го викнала дома Богдан да ја  види кравата оти нешто не била арана. Говедарот го истерал стадото на пасење и се вратил кај оџата дома. Анамата го пречекала дотерана. Го однесла право во говедарникот каде кравата мирно џвакала. Анамата му ја кажала за мерата од сламката што ја нашла на чалмата од оџата.

-Говедаре, крени го. Сакам да го мерам со моиве очи!

Говедаро се срамел, а меракливката, анама, била упорна

-Не плаши се. Ако не го покажиш, лошо те чека!

Видел не видел дека нема спас, Богдан го кренал, а анамата му го мерила. Навистина бил колку мерата што ја донесол оџата. Бидејќи анама­та баш таков бендисувала, го наседнала и спаднала неколкупа­ти. Се задоволила и го пуштила говедарот со напомена да  оди кај неа кога ќе го викни, оти од оџата не í правел доволно ќеф.

Откако ќе ги истерал говедата, Богдан секој ден се враќал кај анамата дома. Ама таа курназ. На оџата му наоѓала работа во тоа време. Така говедарот терал долго време. Еден ден, додека говедарот уште бил кај анамата, оџата се вратил дома. Набрзина го сокрила говедарот во шифоњерот за алишта.    Оџата заседнал дома и не излегол надвор, а Богдан заспал во шифоњерот. Во сонот почнал да вика:

-Ајде селани, терајте ги говедата!

Оџата слушнал, прашувајќи се себе се, од каде вика говедарот толку доцна да го тера добитокот. Говедарот викнал уште еднаш посилно.

-Анасана, говедарот вика кај мене дома – рекол оџата, отворајќи го шифоње­рот. Го извадил заспаниот говедар и го стегнал да кажи што бара тука. Да ја спаси главата, Богдан признал, од кога доаѓа и како почнал. Оџата му простил и го пуш­тил со зборовите.

-Ниту ти, ниту анамата сте кабаетлии. Кај мене е кабаетот, оти ја  донесов мерата да правам мајтап со селаните. Сега тие ќе се мајтапат со мене – рекол оџата.

Loading