ФАБРИКАТА ЗА ЃУБРЕ – ПРОМАШЕНА ИНВЕСТИЦИЈА

ЈКП Комуналец

komunalec

„Фабриката за секундарна селекција на градскиот отпад е најпромашената и економски најнеоправдана инвестиција почната од екс директорот Златко Ристески“. Ова е оценката на директорот на ЈКП Комуналец Ѕвонко Јованоски, кој ги повикува МВР и јавното обвинителство да реагираат според законот. Според него, треба да се испита дали станува збор за непромисленост или пак намера на неговиот претходник да го доведе ЈП во незавидна ситуација, со огромни долгови, со тужби и блокирана сметка.

-Досегашните непотребни вложувања за оваа инвестиција се 22,7 милиони денари. Да се оцени дека инвестицијата е неоправдана, подготвен е вешт наод. Парите биле пренаменети од вработените кои не земале додатоци на плата, а со тоа се предизвикале многу тужби, извршни решенија, судски и адвокатски трошоци, за кои Комуналец плати над 20 милиони денари – рече Јованоски.

Тој ја остави можноста за продолжување на инвестицијата, за која се потребни околу 1,5 милиони евра, само преку јавно – приватно партнерство.

Loading