ДЕДО И ВНУКА РЕЦИТИРАА ВО ШВЕДСКА

angela veljanovska geteborgДевојчето на 11 години со дарба за рецитации беше едно од шеесетината возрасни учесници на Македонскиот митинг на поезијата во Гетеборг во Шведска. Малата Ангела Велјаноска со прилепски корени го покажа наследениот талент за пеење поезија. Рамо до рамо со возрасните Македонци кои рецитираа македонски патриотски песни, небаре актер со искуство ги излеа стиховите на детската песничка ,,Веверица,, создадена од дедо í Томе. За успешниот настап, најмалиот учесник доби громогласен аплауз и овации од неколкуте десетици набљудувачи на 28 издание на манифестацијата Македонска поезија, што секоја година ја организира Сојузот на Македонците во Шведска.

На манифестацијата настапи и нашиот сограѓанин со потекло од селото Марул, пензионерот Томе Велјаноски, изведувајќи своја песна инспирирана од љубовта кон Татковината.

Loading