ОРДЕНОТ „НАРОДЕН ХЕРОЈ“ ВРАТЕН КАКО РЕПЛИКА

По повод 11.Октомври

orden prva

На 7. Мај 1975 година, Претседателот СФРЈ, Маршалот Јосип Броз Тито, на Прилеп му го доделил орденот „Народен херој“. После 25 години од изчезнувањето на орденот, по повод  празникот 11 октомври, во холот на Општина Прилеп,  на свечен начин беше откриена репликата во мермерна плоча на орденот. Реплика ќе го краси и Меморијалниот музеј „11.Октомври покрај бистата на Јосип Броз Тито, која повторно е во концепциската поставка на Участакот. Иницијативата за да се направат две копии од орденот беше на градоначалникот Илија Јованоски.

orden1

– Сите треба да бидеме задоволни и горди од тоа што Прилеп го направи за време на антифашистичката револуција, но и затоа што и после ослободувањето Прилеп даде многу свои дејци во општественополитичкиот, културниот, економскиот и спортскиот живот. Прилеп и понатаму ќе биде присутен на сите полиња, затоа што го знаеме патот и сето она што треба да го направиме за остварување на целта, а тоа е влез на нашата држава во ЕУ и НАТО – рече градоначалникот Илија Јованоски.

Прилеп во НОБ дал многу: 8.000 прилепчани биле учесници во НОБ, од кои 2.700 директно со оружје во рака. Прилеп даде и 650 жртви, 15 Народни херои, а 154 се носители на Партизанска споменица, меѓу кои и 33 жени.

orden2

– Првиот востанички истрел кој бил испукан во Прилеп на 11.Октомври пред 77 години, не претставувал само симболичен чин, туку автентично сведоштво за определбата на македонскиот народ да се истрае на балканската ветрометина, а во исто време да се биде на победничката страна, на страната на антифашистичката револуција, до последниот ден на победата над фашизмот – вели историчарот Рубин Белчески.

DSC 0159

Со богата културно – умтничка програма, Прилеп ја одбележа 77 годишнината од почетокот на народноослободителното востание. Не изостана, ниту импровизираниот напад на градот пред меморијалниот музеј, свои обраќања имаа градоначалникот Илија Јованоски и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и премиерот Зоран Заев.

DSC 0168

DSC 0172

Loading