СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА СО БЕНЕФИТ ЗА ОПШТИНАТА

Мермерен комбинат

Mermer

Мермерен комбинат е успешна бизнис приказна на странска инвестиција во Прилеп. Таа е во првите три компании, брендови на прилепското стопанство. Според Периклес Николау, за Мермерен комбинат е многу важно да има добра соработка со Општината, негувана со години, и која што треба да продолжи во иднина.

– Инвестираме 3-4 милиони евра, годишно, не само за нови машини, туку и за обука на вработените. Нашата цел е компанијата да има континуиран раст. Имаме синергија (заеднички дејствуваме) со компанијата Павлидис, која што е позната во светот, во бизнисот со мермер. Сакаме да бидеме одговорна компанијата. Имаме ЦСР програми (Corporate social responsibility programs) со коишто помагаме различни акции во Македонија. Нашето семејство Мермерен комбинат има 380 вработени. Вработените се задоволни што работат во ‘Мермерен комбинат’, поради многу работи. На пр. имаат повисока плата за 20 отсто во однос на просечната плата во Македонија. Се исплаќаат додатоци согласно со Законот, како што е исплатата на. К-15, потоа бонуси во март или април, па за Нова година. Најважно е што се грижиме за безбедноста на работниците.  Тоа е наш прв приоритет. Има добра атмосфера во компанијата и мислам дека вработените се среќни што работат овде – вели Николау.

Мермерниот комбинат е во сопственост на грчката фирма Павлидис со седиште во Драма. Делумна сопственост од околу 10 отсто припаѓа на Пиреус банката од Грција. За успехот на компанијата, најголеми се заслугите на бордот директори, во кого членуваат експерти и од Грција и од Македонија. Оваа компанија е одговорен даночен обврзник, но и корисник на концесија за експлоатација на минерални суровини. Годишниот надоместок за користење на концесијата за рудникот Сивец ја исплаќа навреме. Од средствата согласно со законот, речиси 80 отсто се враќаат во општинската каса, значи дека бенефитот е во најголема мера за градот.

mermer2

Мермер од рудникот Сивец е вграден во велелепни објекти во светот, а постојат е интересот за извоз на финални производи на сите континенти.

Инаку, во рудникот Сивец, резервите на бел мермер се проектирани и за следните 100 години.

Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски  беа гости на Мермерениот комбинат.

Loading