130 РАБОТНИЦИ БАРААТ ОТПРЕМНИНИ

Еурокомпозит

130-те вработени кои ќе заминат како технолошки вишок од наменската фабрика Еурокомпозит бараат пари за отпремнини. Истакнат е списокот за технолошки вишок, стигнало и соопштение, но немало никаде гаранции за исплата на отпремнините. Фабриката нема гаранција ниту од владата. Вработените бараат итно донесување на Законот за технолошки вишок.

– Условите се да си одат веднаш, да бидат под бирото за вработување, а да не земат отпремнина. Отпремнината да остане побарување од 7 просечни плати. Владее револт. Бараме некој да го реши проблемот – дали директорот или владата. Да дадат и цврска гаранција дека тие ќе влезат во процесот и до пензионирањето ќе земаат надомест. Револтот ќе треба повторно да го искажеме со протести или со активирање на штрајкот – вели Роберт Богданоски, претседател на синдикатот.

Ако нема отпремнини сите ќе останат во фабриката. Минатата недела зедоа плата, а имаат и работа.

Loading