НОВ ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР НА ВО СКОПЈЕ

Инвестиција на Прилепската пиварница

distributiven centar Prilepska  pivarnica

Прилепската пиварница гради нов дистрибутивен центар во населбата Идризово кај Скопје. Инвестиција е 3,5 милиони евра. Се очекува објектот да биде готов до крајот на годинава. Вработување ќе најдат 30-35 лица од различни профили и степен на образование. Претседателот на управниот одбор Кирил Самарџиоски рече дека природно се наметнала потреба за проширување на дистрибутивниот простор во близина на Скопје и компанијата донела одлука за новата инвестиција.

– Парцелата е со површина од 11 000 м2, додека самиот дистрибутивен центар ќе биде со површина над 5 000 м2. Земјиштето на кое се гради објектот беше земјоделско земјиште кое го купивме од приватни сопственици. Сите кои ги прашавме за совет рекоа дека за пренамена во градежно земјиште ќе треба најмалку една година. Градоначалникот на Гази Баба рече да се завршат започнатите процедури за купопродажба, а за најмногу два месеца ќе добиете градежна дозвола. Така и се случи –  изјави Кирил Самарџиоски, претседателот на УО на Прилепска пиварница.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев порача дека секој ден кога нешто се гради за него е празник и само така може да се развива економијата на државата.

– Прилепска пиварница за 10-тина години двојно го зголеми производството и практично направи добра показна вежба како се брендира производ и како се позиционира компанија. Новата инвестиција е во функција на индустријата, а не на градежништвото, бидејќи објектот треба да овозможи поголем пласман на нивните производи – рече Анѓушев.

Најави дека економскиот тим на Владата ќе го разгледа проблемот со акцизата на пивото и ќе се обиде да најде решение.

Loading