РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОВИДОК

Еурокомпозит

Foto Eurokopozit

После 1 октомври ќе почне реорганизација на Еурокопозит. Ова го  најави вицепремиерот Анѓушев.  Според него, дел од вработените ќе бидат прогласени за технолошки вишок, ќе се бара стратегиски инвеститор, а компанијата целосно ќе се консолидира.

Вработените пак живеат во надеж. Со ветување за 100 илјади евра го одложија штрајк во државната фирма која нема струја три недели. Власта вети дека од Министерството за внатрешни работи ќе префрли пари со кои ќе добијат по една минимална плата. 

– Повеќе од 3 недели не се работи. Работниците се испуштени дома. Кажано му е да чекаат повик да се вратат на работа. До кога ќе чекаме, никој не знае. Луѓеро кои ќе си заминат технолошки вишок, колку што ни кажаа, нема да земат никаква отпремнина. Сите се со над 25 години стаж и им следува по 7 просечни плати. Нас ни кажаа дека фирмава нема пари, државава нема пари. Не знаеме кој ќе ги обештети тие луѓе. Ако не бидат префрлени пари на фирмата, ќе ја активираме најавата за протести – изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикален одбор.

Владата донесе одлука со која се задолжува Министерството за внатрешни работи, како краен корисник на производите од компанијата 11 Октомври – Еурокомпозит да исплати шест милиони денари, со цел фирмата непречено да продолжи да работи.

Во фирмата нема струја три недели поради заостанат долг за неплатнени поранешни сметки, нема работа, а вработените не зеле плата месец и половина.

На списокот за технолошки вишок треба да се најдат 130 вработени.

Loading