ПОБЕДА НА ОЛИМПИЈАДАТА ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

so-mentorotСОУ Гимназија Мирче Ацев

Гимназијалката Марија Митреска го освои првото место за усно искажување на француски јазик. На Меѓународната олимпијада за француски јазик во Охрид учествуваа ученици од средните училишта од југоисточна Европа, кои биле победници на државните олимпијади во своите земји. Митреска до олимпијадата  стигна со победата на Државниот натпревар во категорија „Класични гимназии”. Во категоријата „Искажување на француски јазик во групи”, тимот во кој учествуваше Марија го освои првото место.

– Среќна сум што учествував на Меѓународната олимпијада во Охрид. Ова беше незаборавно искуство, стекнав многу нови пријателства и дознав повеќе за различни култури. Натпреварувањето беше повеќе на интерактивен, забавен начин и претставуваше можност за запознавање,  разменување на идеи и комуникација на француски јазик – изјави Митреска.

Ментор е професорката, Мирјана Бошковска.

Loading