ВИТАМИНКА СО НОВ КОРПОРАТИВЕН ШТАНД НА САЕМОТ WORLDFOOD МОСКВА

Worldfood 2

На најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018, Витаминка го изложи целокупниот производствен асортиман. На четиридневниот саем, Витаминка го промовира и новиот, модерен корпоративен штанд. Ова е трето присуство на московскиот саем. Извозот на Витаминка се одвива континуирано веќе 5 години, со што руските потрошувачи веќе се добро запознаени со квалитетот.

– Иако изложуваме третпат, можностите што ги отвора саемот се големи, затоа што како специјализирана манифестација секое издание носи нови посетителите. Присутни се најголемите извозници на храна во Руската федерација. Заради специфичната публика, саемот изобилува со низа трибини, промоции и презентации. Самот важи за најголема берза за храна во овој дел на светот. Предностите од присуството се протегаат од контакти и можни договори и партнерства, па се до стекнување нови знаење и запознавање со последните трендови во прехранбената и кондиторската индустрија – изјави Љупчо Велески, директор на продажниот сектор – Извоз.

Worldfood привлекува огромна публикаи. Посетуван е, пред сé од професионалци и претставници од трговијата на големо и мало. Присутни се дистрибутери, производители, сопственици на синџири, ресторани и супермаркети. Одлична можност е за промовирање нови производи. Бројките од минатогодишните изданија говорат за растечката популарност. Во 2017 година имало 1516 изложувачи од 62 земји и 29 900 посетители.

Loading