СОК ОД ДОМАТ – ЧУВАР НА ЗДРАВЈЕТО ДО ПРОЛЕТ

Sok od domati

Есента е време е и за подготовка на доматен сок кој го одржува организмот здрав во студените месеци. За подготовка се потребни 50 кг. домати,10 лажици сол, 2 лажици шеќер, 2 кесички конзерванс, 20 г. мелен бибер, 2-3 пиперки, 1 кивче магдонот и 1лист целер. Измијте ги доматите. исчистете ги и сомелете ги со машина. Сокот од домат ставете го во тенџере да вари на средна температура. Додадете ги листовите од магднос и целер. Ставете ги цели, неисчистени измиените пиперки. Може да ставите и некоја лута пиперка. Ставете шеќер, бибер и сол. Солта додавајте ја постепено според вкусот. На крајот додадете конзерванс. Содржината се вари 90 минути. Се вадат пиперките и листовите. Жешкиот сок се тура во шишиња, затворени со метални чепови. Се вртат наопаку на капачето да стојат десет минути. Потоа се враќаат во нормална положба.

Доматот има витамин А кој ги прави сјајни кожата и косата. Помага да се спречи песок во бубрезите и се бори со воспаленија. Нема скроб, нема калории, полн е со витамини и е добар за диета. Доматот е антиоксиданс. Извор е на витамини Ц, К, Б9, калиум. Има и Б1, Б3, Б6 и магнезиум, фосфор и бакар. Нема масти. Ликопенот е најздравиот дел. Помага во спречувањето на ракот, елиминирањето на холестеролот, влијае на здравјето на коските и е добар за раст на имунитетот. Секој ден да се пие по една чаша, се  спречува појава на болести поврзани со видот. Сокот е богат со хранливи влакна за зголемување на нивото на добриот холестерол. Тој го намалува лошиот холестерол. Доматите помагаат да останат здрави црниот дроб и бубрезите. Тие се најдобар плод за детоксикација. Редовната консумација го олеснува варењето на храната и штити од запек. Доматниот сок поттикнува хидратација и дава чувство на ситост, кое помага во диети. Витаминот Б6 ги превенира срцевите болести. Дури сокот може да се ставите директно на кожата за спречување на акни и ги затвора порите. Со една чаша дневно, доматот е одличен природен извор на антиоксиданс, оти го запира дејството на слободните радикали.

Loading