ПРОСТИОТ КАМЕН КАЈ ЧАНИШТЕ

PB010211-v1

На околу 300 м. од последните куќи на селото Чаниште се наоѓа исправен дамнешен камен со шематизирана антропоморфна форма. Според наодите од површината се наоѓа помал тумул од железното или бронзеното време. На 1 м од него има карпа со издлабено правоаголно корито со помали димензии, кое можеби било лежиште за поставување, доколку на делот кој е закопан во земјата има клин со соодветни димензии.

Жителите го нарекуваат Простиот камен. Дека не е ,,прост,, покажува врежаното писмо на две места. Не го прочитал епиграфичар. Всушност, има две натписни полиња. Во нив јасно се гледаат врежани писмени симболи, но е тешко да се прочитаат. Првото натписно поле е во рамка, под главата (триаголната форма) на стелата, а второто при дното на стелата. Впечаток е дека двата натписа потекнуваат од различно време, односно, дека стелата била употребувана и секундарно.

Мегалитот е ретко зачувана стела од древната традиција на обележување на гробови во Македонија Се задржал долго време, особено во Мариово. Според археолозите, обележувањето на гробовите е својствено за архајскиот период. Не е исклучено дека слично обележување на вечните почивалишта не постоеле и во постарите периоди, како за т.н. родовски гробници, познати како тумули. Такви има во исклучителен број кај селата Чаниште и Крушевица. Местото оддава впечаток на тумул, но за потврда е потребно археолошко истражување. Многу вакви тумули има во околината на Простиот камен. Некои се истражувани од археолозите на Заводот и Музеј од Прилеп.

На дваесетина метри јужно, на една карпа со куполесто извишен врв, се среќаваат симболи оформени со помали кружни јами, кои ја збогатуваат културната слика.

Неполн километар од Простиот камен се наоѓа и локалитетот Убава Глава. Тоа е доминантен рид со поголемо плато и неколку тераси, на кои била расположена силна тврдина, најмалку во доцната антика и средниот век, а можеби од раната антика и римскиот период. Југоисточно има уште еден помал рид со утврдено плато и наоди кои упатуваат на доцната антика. Слични наоди има на други места од поблиската околина.

PB010219-v1-1024x768

Целиот простор изобилува со многу наоди од различни времиња. Во таква културна опкруженост Простиот камен станува објект од посебен интерес за истражување, анализа и идентификување на намената и значењето.

Древен граничник

Според предание, Простиот камен претставува еден од граничниците на древните гранични обележувања. Според Ѓорѓи Иваноски од селото Чаниште, границата одела од Бакарно Гумно, кај селото Чепигово, преку врвот Маргара со тамошниот граничник Писаник, па понатаму преку Црна Река.

Српски учител кој работел во Чаниште во ,,бившото,, копал околу Простиот камен.

Loading