РEЕВИДЕНЦИЈА НА ИКОНИ

Завод и музеј годинава интензивно работеше на првата реевиденција на иконите, фрескоживописот и архитектурата на црквите и манастирите во Прилепско. Направена е реевиденција на ова богатство во црквите и манастирите во 46 села. Дел од иконите се во катастрофална состојба.

-Реевидентирани се 611 икони. Огромното културното богатство потекнува од 16, 17, но главно од 19 век со еден доминантен прилепски зограф. Во овој регион, главно, слика последниот зограф, прилепчанецот Јован Атанасов. Имаме намера да ги собереме сите икони и да се направи публикација на сликарскиот опус на овој зограф. Тоа е големо културно богатство – вели Мимоза Христоска, кустос-советник во Музејот,

Во 2019 година планирана е конзервација на фрескоживописи и на икони, а реевиденцијата ќе се насочи во Прилеп каде има големо богатство.

Најстарата прилепска црква Свето Благовештение располага со преку 150 икони.

 Инаку, за две години направена е реевиденцијата на иконите, фрескоживописот и архитектурата во Долненско, Мариовско, во Крушевско и во Кривогаштанско каде се работеше во црквите и манастирите во 82 населени места.

Loading