Пред љубителите на пишаниот збор беше претставено творештвото на роднокрајната писателка Драгица Најческа, која е автор на повеќе романи и збирки раскази. Беше посочено дека се драгоцено книжевно богатство романите ,,Пеперуга со натопени крилја,,, ,,Друга мајка,, (за деца и млади), ,,Крстопати,,, ,,Омраза – длабоко,,, ,,Доживотна јамка,,; на збирките раскази ,,За глувчето, мачките, за мечките, рипчињата, зајачињата, лисичињата и … дечињата,, (раскази за најмалите) и ,,Раскази,,; како и на збирките поезија ,,Неспокој,,, ,,Бранувања,,, ,,Вратете ми го сонот,, и ,,И крв и смрт и надеж,,….
Најческа многу години беше новинар, а со пишување се занимава од ученичките денови, објавувајќи раскази за деца.
Со романот ,,Доживотна јамка,, почнува нова естетика, користејќи комбинирана форма на движење на дејството, раскажувачка и монолошка, која ја дели перцепцијата на две нивоа – објективно и субјективно. Едното кое ги следи ликови на романот случувањата, а другото кое е одраз на најскриените мисли на главните ликовни на романот, објавен 2004 година.