МИЛИОН СИМПАТИЗЕРИ, НАМЕСТО МИЛИОН ДОЛАРИ

За прилепчанецот Мајкл Дамески

Michael-Dameski

Мајкл Дамески кој има прилепски корен и се натпреваруваше за милион долари во финалето од втората сезона на познатото шоу на Џенифер Лопез World of dancer, во последната вечер од шоуто заврши како второпласиран. Настапот му беше незаменлив. Жирито сепак одлучи првото место и наградата од еден милион долари да ја додели на групата ,,The Lab,,.

Тој не успеа да ја ,,лапне,, наградата од 1 000 000 долари, но затоа  освои милион воздишки и громогласни аплаузи.

Македонецот со потекло од Прилеп, Мајкл Дамески, кој е роден во Австралија, а последните три годни живее во Лос Анџелес, во Калифорнија, ги освои симпатиите на милион навивачи ширум светот. Дамески има 22 години. Таткото му Пеце и мајка му Неда се од Прилеп. Учествувал на бројни натпревари со неговото фантастично танцување.

Loading