УСПЕХ СО ПОСВЕТА НА ПИКАДОТО

trajce„Сакав да се докажам. Упорно тренирав во пензионерскиот клуб секој ден. Не го жалев трудот. И успеав на последната „Пензионерска олимпијада“ во Радовиш. Го освоивме екипно првото место. Бев најдобар и го освоив првото место меѓу осумте пензионерски екипи во пикадо. Добив медал и пехар“.

Ова го вели острото око кое погодува во круговите во пикадото, Трајче Мунески.

Умешноста ја докажал поранешниот работник во Микрон во неколку наврати. Се закитил со три медали со две први места и едно трето. Родиле плодови тренинзите од по неколку часа дневно.

-Успеав со посветеност во овој пензионерски спорт – додава Мунески.

Прилепските спортиски пензионер во Радовиш се пласираа на втората позиција, веднаш зад тетовчани. Најдобри беа во пикадо, па стрелаштво – мажи. Во тегнење или тргање на јаже беа втори и во машка и во женска конкуренција. Во табла – женската екипа имаше второпласиран член. Сите спортски настроени пензионери имале повеќе трети места.

Loading