ПОКЛОНИЦИ НА КЛИМЕНТОВИОТ АМАНЕТ

Професорите по македонски јазик

Nastavnici

За да напредуваат и да бидат достојни поколенија на Свети Климентовиот аманет, а со цел подобрување на наставната програма по македонски јазик и литература, прилепските професори формираа професионална заедница за учење. Таа е дел од Сојузот на друштвата на професорите по македонски јазик и литература. Иницијативата произлегла од професорите. За нив заедницата за учење е гласот на посветениот наставник, алатка која помага да бидат подобри и ветер кој ќе ги истурка облаците на незнаењето.

– Целта е професионален развој, соработка, јакнење на капацитетите, подобрување на наставната програма, дружење, промоција на македонскиот јазик, споделување позитивни практики и поддршка. Се изведоа две работилници во кои се излистаа очекувањата на членовите, но и она што тие можат да го дадат за заедницата и она што им треба од неа – објаснува Јулијана Талеска, наставник од ОУ Климент Охридски.       

Loading