ЈУЛСКОТО НЕВРЕМЕ ОДНЕСЕ РОД ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА

Советот на Општината го усвои заклучокот од Комисијата за процена на штетите од невремето во регионот на селата Мало и Големо Коњари во јули. Комисијата проценила дека земјоделците претрпеле штета од 185 милиони денари или околу три милиони евра. Извештајот ќе биде испратен до второстепената комисија при Владата. Според претседателот на Советот Миле Талевски, по одлуката на владата и Советот ќе донесе одлука за сумата со која ќе бидат обештетени земјоделците.

Невремето однесло род од 10.571.762 метри квадратни, главно на тутун. Оштетени биле 1315 земјоделци. Одбиени биле само 40 производители.

Локалните власти очекуваат Владата брзо да донесе одлука за сумата и опфатот за обештетувањето.

Loading