Не е јасно кои побрзо се размножуваат: комарците или комарџиите?!
Х
Кој бавно мисли – брз е на јазик.
Х
Крадец на крадец му гледа низ прсти.
Х
Човекот е единственото суштество во природата кое умее да си ја исече гранката на која седи.
Х
Не верувај во се’ што ке чуеш! Верувај во она што ќе го кажеш!
Х
Не очекувај ништо добро од оној кој вчерашната работа ја префрла за утре.
Х
Без патеките од минатото нема одење во иднината.
“Д-р Хаџи-Васков”