ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ ЗАПЕК

caj

Бројот на посетувањето на тоалетот варира од човек до човек. Некои нормално не вршат нужда и два-три дена. Тоа е последица на лошата исхрана или поради земање одредени лекови. Запекот се решава со лаксативи и со природни препарати

Маслиновото масло помога ако наутро се пие една лажичка. Најдобар ефект има доколку се зема на празен стомак. Се додава малку лимонов сок за подобрување на вкусот, а и лимонот е одлична помош против запекот.

Кофеинот во кафето е природен стимуланс на системот за варење. Добро е да се пие на утро филџан кафе. Премногу кафе може да има спротивен ефект. Дневно само до два филџана кафе.

За превенција од запек важна е здравата исхрана. Таа е добар избор и за линијата на телото и за варењето, отколку брзата и сува храна. Но, и некои здрави намирници придонесуваат за запек. Зато во организмот треба да се внесува доволно вода. Позитивно влијание на работата на цревата имаат кајсиите, смоквите, леб од целосни зрна житариците, боровинките, малините, капинките, сливите, крушите, јаболката, јаткастите плодови, компирот…

Содата бикарбона е одличен лек против стомачните проблеми. Се раствора лажичка сода бикарбона во четвртина чаша топла вода и се пие.

Најпознатиот природен лек против запек од дамнина се сливите. Ова овошје е многу ефикасно, бидејќи содржи многу влакна и сорбитол, природен шеќер. Сорбитолот е природен јаглехидрат кој има способност за омекнување на столицата. Но, нужна е внимателност, оти преголема количина предизвикува гасови и подуеност. Ефектите се исти  со конусмација на компот од суви сливи..

Лекарска помош се бара ако не се празнат цревата подолго од две недели или поради крвава столица, силна болка при движење или необјаснив губиток на тежината. Тоа укажува на посеризен проблем на дебелото црево.

Секој барем еднаш доживеал непријатност со дигестијата, запек, дијареа или подуеност. Од запек страдаат повеќе жените. Запекот е намален број на столици, нивната тврдост и отежнатото празнење на цревата. Најчести причини се промена на секојдневните навики (патувања, привремено мирување, преобилни оброци), земање лекови (на пример, одредени седативи или лекови против киселини) или разни болести. Запекот предизвикува и оштетување на слузницата на аналниот канал, чир на ректумот и многу често, хемороиди. Запекот се јавува повремено или прераснува во хроничен проблем доколку потрае подолго од шест дена. Констипацијата е проследена со замор, бидејќи организмот не може нормално да ги исфрла токсините од цревата..

На сите кои страдаат од запек им се препорачува да го подготват следниот напиток од свежи листови од зелка и 200-300 мл. кисело млеко. Одвојте ги листовите и измијте ги, а потоа ставете ги во блендер. Додадете кисело млеко и миксајте. Наутро и навечер се консумира по една чаша пд напивката.

Чај против пролив

Проливот е симптом на разни болести. Главно е во прашање расипан желудник од стара храна или непрочистена вода, инфекција, зараза од грип…, а ретко од инфекција од паразит. Со проливот се јавуваат дехидрација, губење на многу вода, губење на апетитот, мачнина, болка во желудникот или грчеви и температура.          Против пролив земете 6 лажици иситнет лист од капина и прелијте со  литар врела вода. Оставето ја течноста поклопена 2 часа. Процедете и пијте трипати дневно по една чаша чај.

Loading