ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ СПОРТУВААТ

Пензионерите, спортисти, од Куманово, Кочани, Кавадарци и домаќинот Прилеп утре ќе ги одмерат силите на терените кај Паркот на револуцијата. Над 150пеинзионери до и над 60 години ќе трчаат, ќефрлање ѓуле, ќе скаат  дури И во трискок, ќе тргаат јаже. Дел ќе бијат мегдан и во вештина во играта табла, ќе стрелаат во пикадо, ќе размислуваат во шах и домино во клубот.

Станува збор за традиционалната пензионерска олимпијада кога луѓето од третото доба го продолжуваат животот со дружење и натпревари во спортските дисциплини.

Пензионерите од цела држава ќе се натпреваруваат на 2 септември во Радовиш.

Loading