СЕ РЕТУШИРА ЖИВОПИСОТ СО ЗРЗЕСКАТА ЦРКВА СВ.НИКОЛА

2 Se zastituva zivotpisot vo crkvata  SV.Nikola vo Zrze

Завод и Музеј ја заврши годинашната конзервација на фрескоживописот во црквата Свети Никола во селото Зрзе. Директорот на Завод и Музеј Благоја Атанасоски, кој е и раководител на проектот, вели дека црквата Свети Никола потекнува од 14 век, дека не е многу голема, но е една од најзначајните архитектонски објекти според важноста и староста.

– Според уметничките квалитети на живописот е една од најубавите и најстарите во прилепскиот регион, па и на Балканот. Црквата датира од втората половина на 14 век. Има прекрасен живопис и во внатрешноста комплетно е насликана. Живописот се одликува со високи уметнички и сликарски квалитети. Црквата е еднокорабна и е доградена во 16 век, најверојатно за потребите на населението. На конзервација на фрескоживописот се работи неколку години во фази. Првата беше санирање на механичките оштетувања, а во втората фаза се чистеше фрескоживописот. Годинава ја почнавме третата фаза, ретуширање со боја на оштетените делови. Не го пресликуваме живописот, но ги саниравме оштетувањата. Ќе работиме уште две години – објаснува Атанасоски.

Историчарот на уметност, конзерватор-советник Оливера Макриевска вели дека ѕидното сликарство е од неколку периоди. Најзастапено е делото на мајсторот Онуфриј кој ја осликуваал црквата Свето Преображение во манастирот во Зрзе.

– Ѕидното сликарство во црквата е од неколку периоди. Површински, најзастапено е делото на мајсторот Онуфриј, по потекло од Аргус, блиску до Костур. Творел во првата половина на 14 век во рамките на старите епархии на Охридската архиепископија. Се школувал во Венеција. Ова е едно од неговите најрани дела – нагласува Макриевска.

Да се заштити и да се санираат оштетувањата, црквата Свети Никола в година треба да се препокрие. Последенпат е препокривана пред 25 години.

Loading