ЉУБОВ ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

Kampanja z azgrizuvacki   semejstva

Општина Прилеп ја поддржува кампањата за семејна љубов на децата без родители. Прилеп  е меѓу градовите со голем број згрижувачки семејства. Досега 20 семејства, имаат згрижено 34 деца. И две здруженија згрижуваат деца и разменуваат и споделуваат искуствени знаења. Потребна е сестрана поддршка на згрижувачките семејствата. Кампањата е под мотото На секое дете му треба семејство. Целта е поголема сензибилизација на граѓаните, за што повеќе згрижувачки семејства, а што помалку деца без родителите, оставени во институциите. Да се поттикне свеста кај граѓаните, дека на секое дете кое е без родителска грижа му е потребно семејство.

– Во овие 16 години имам згрижено 8 деца, од кои пет се веќе кај родителите. Во моментот имам две деца на возраст од 9,5 години и 7,5 години- вели Ацка Божиноска, згрижувачка.

– Во 17 години имам згрижено три деца. Ги зедов мали, едно на 4 години, едно на 8 и третото на 12 години. Девојчето заврши основно училиште, моментално е втора година во Штип и е одлична ученичка – рече Весна Димоска.

– Апел од мене до сите, оние, кои сакаат да згрижат деца, да се обратат до центарот. Не е ништо страшно и тешко. Отворете ги своите домови, пружете им ги срцата. Дарете им топол дом, многу љубов  – порача згрижувачката Благица Стефаноска.

Кампањата досега опфати 28 градови. Досега има 270 јавувања на заинтересирани граѓани, кои би сакале да станат потенцијални згрижувачи. Заложбите на Министерството и Владата се, да обезбеди услови за да може секое дете без родителска грижа во земјата, да расте во безбедна и грижлива семејна средина. Кампањата ја спроведува Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ. До 2020 година сите деца што останале без родителска грижа и љубов, треба да бидат сместени во згрижувачки семејства. За една година, бројот на деца сместени во социјалните установи во државата е намален за 33,9 отсто. Семејното опкружување го поттикнува правилниот раст и развој, дел од децата се згрижуваат во семејства, други се посвојуваат, или се дава поддршка на биолошкото семејство да обезбеди подобра грижа за своето дете. За дел од децата, пак се создава средина налик на семејната, како што се малите групни домови.

Loading