СОНЦЕВИОТ ГРАД ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ

Патепис на Виктор Александрович Каминскиј од Одеса, кој во 2011 година го посетил Прилеп

– Раскажувам за една земја, каде најверојатно се најниските цени во цела Европа, за градот, во кој нема јавен превоз, каде што скоро сите се невработени и каде пивото е поевтино од водата и млекото

Screenshot 1

Конечно пристигнавме во градот-херој Прилеп. Никогаш не би дознал дека постои таков град, ако не учев на Универзитетот со еден негов жител пет години заедно во иста клупа. Во многуте години дружба, се наслушав многу интересни нешта за Македонија, а особено за Прилеп.

Откако минаа две години од дипломирањето, можам да го одржам ветувањето и да појдам во татковината на мојот другар. Ја запознав земјата и многу нови места. Правејќи го тоа со некој од жителите е многу поразлично искуство. Затоа постоеше чувство како дома.

Прилеп е мал град со околу 60.000 луѓе, вклучувајќи ги и селата. Во војната била воспоставена бугарската администрација (Бугарија како сојузник на Германија добила повеќе територии на Балканот), против која успешно се бореле локалните партизани. Поради тоа градот добил титула – народен херој од страна на Маршалот Тито.

Screenshot 2

На централниот плоштад е споменикот на Александар Велики, на кој е преставена територијата на некогаш моќната Македонска империја. Блиску е градското собрание каде се вее државното знаме и други помали споменици на локалните дејци. Еден од нив многу наликува на Ленин. Пешачката зона е поплочена со мермер, кој се ископува во близина на градот. Има три мали паралелно улички на кои се наредени локалните кафулиња и бутици, како и во повеќето стари градови. Покрај слабата економија, сé е многу добро одржано, чисто и културно. Според мојот пријател, градот го сменал ликот последните години. Местото не е туристичко.

Screenshot 3

Понекогаш на поминување запираат бугарски, грчки и српски туристи. Голем настан е Фестивалот на пивото во јули, кога во градот доаѓаат над 50.000 луѓе од целата земја. Во центарот е разурната џамија и Градската саат кула од турскиот период. Во 2001 година избувнал воен конфликт меѓу Албанците и населението на Македонија. Војната се чувствувала во целата земја. Покрај тоа што 99 отсто од Прилеп е населен со Македонци, не успеал да избега од крвопролевање. Загинале 10 прилепчани. Гневот луѓето го искажале со нереди, во кои изгорела џамијата, чие минаре населението го нарекува ракета. Веќе 10 години е потсетник на тажните настани. Во градот речиси нема Албанци, затоа нема потреба од обновување. Одлуката за уривање е опасност за нови немири во земјата. На загинатите Македонци во конфликтот им е подигнат споменик, кој фрла сноп на светлина кон небото.

Screenshot 4

Во деновите на Југославија работеле мноштво претпријатија. Сега повеќето се уништени или доживуваат комплетен пад на производството и економијата. Македонија, и без тоа, не беше напредна република во Југославија. Економијата сега е уште полоша. Во градот фукционираат две големи фирми. Тука е големата пиварница, која ги произведува брендовите Златен даб и Крали Марко и полни сокови по лиценца на Пепси, како и фабриката Витаминка, која произведува главно кондиторски производи, како и на сите видови на зачини и сосови… Многумина не се вработени. Затоа центарот е секогаш полн со млади. Но, и со луѓе кои доаѓаат на муабет и кафе. Кафулињата се секогаш преполни до последно место. Поради многуте кафулиња не е проблем за резервација на место. Неодамна се отворило некое гламурозно место каде се пијат два вида на пиво, локално и скопско, како и чај и кафе. И ништо повеќе. Насекаде, момчиња и девојки, возрасни и деца, пијат само пиво. Кога најдовме ресторан, открив дека пивото е поевтино од минералната вода, сокот, па дури и од млекото. Цените во продавниците го потврдуваат тоа. Од цените на храната и облеката сум најмногу задоволен во Македонија. Како да е некој вид на комунизам. Оброк за двајца, салати, топли јадења, месо, десерт, плус пијалок чини максимум од 5 долари по лице. Сé е свежо, природно, локално и многу вкусно.

Screenshot 5

Прошетав и по продавниците. Стоките се главно турски со исклучоци. Цените се смешни – 5 до 15 долари. Квалитетот е во соодност на цените. Наспроти овој празник на дарежливост, релативно се високите цени на бензинот. На пумпите еден литар бензин е околу 1,35 евра. По ова, слободно се престанува да им се верува на оние, кои велат дека во нашата земја треба да се зголемат цените на основните продукти во однос на порастот на цените на горивата. Во Прилеп живеат луѓе со европските цени на бензинот, со разумни цени за храната и облеката и со плати кои не се разликуваат многу од просечните украински или руски плати.

Screenshot 6

Македонија одамна ги исполнила сите барања на ЕУ. Ќе беше влезена во ЕУ, доколку не беше Грција, која години го блокира влезот на Македонија во ЕУ. Причината е повеќе од глупава. Целата работа е во името на земјата. Грција смета дека Македонија е историското име на областа во северниот дел на нивната земја, а Македонците се сметаат како посебна нација и одбиваат да го сменат името на својата земја. Патем, официјалното име на Македонија е Поранешна Југословенска Република Македонија. За политичките интриги другпат. Сега е доволен фактот дека Македонците можат да патуваат слободно во сите земји на ЕУ. Тоа им дава шанса да најдат подобар живот.

Патем, Македонците се многу патриотски народ… Мислев дека патриотизмот нема да го сретнам подалеку од мојата земја. Но Македонија беше единствена, каде патриотите се апсолутно мнозинство меѓу локалните жители. Покрај секојдвните проблеми, речиси сите го задржале борбениот оптимизам.

Screenshot 8

Во Прилеп нема јавен превоз, но постојат голем број на такси возачи со постари автомобили. Додека се шета, низ градот се налетува често на реклами за пивото Златен Даб и една за Пепси, во духот на победениот социјализам. Центарот може пешки да се прошета за половина час. Интересно е што центарот е покриен со бесплатен интернет со добра брзина Не е лошо за внатрешноста на една сиромашна земја.

Генерално Прилеп остава многу пријатно чувство на успан провинциски град, недопрен од туристите и со пријателски луѓе. Можеби ова место не е во интерес за туристите, но дава многу реална слика на животот на луѓето во Македонија.

Screenshot 7

Loading