ПРЕПУКУВАЊЕ ЗА СМЕНАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП ПАЗАРИ

ВМРО – ДПМНЕ – СДСМ

Screenshot1

ВМРО – ДПМНЕ ја оквалификува локалната самоуправа водена од СДСМ за неспособна поради катастрофалното недомаќинско работење на ЈКП Пазари што резултира со смена на првиот човек, вд директорот Кристијан Илиески, со нов вршител на должноста, Весна Ќососка. 

Според ВМРО – ДПМНЕ,  во првото тримесечје ЈКП Пазари покажало загуба од 844 илјади денари, а претпријатието ја завришило ланската година со добивка од  874 илјади денари или претпријатието потрошило 1,7 милиони денари без да следи ниту еден проект за негово подобрување. Во времето на управувањето на ЈКП Пазари со кадровското решение на ВМРО – ДПМНЕ, пазарот се претвори во еден од најубавите и најмодерни во земјава. Целосно се покри и се создадоа погодни услови за продавачите и купувачите. Градоначалникот Илија Јованоски и неговите кадри од СДС го претворија целиот град во голем пазар. Затоа треба да објаснат каде завршија средствата за неколку месеци, зошто се толерира недомаќинско работење и ненаменско трошење кое го клекна претпријатието на колена и го загрози функционирањето. Нема одговор дали парите се трошат на нови партиски вработувања и чудни набавки – велат од ВМРО – ДПМНЕ.

В.Д. директор Весна Ќососка ги оцени наводите на ВМРО – ДПМНЕ за манипулација и лажна слика за претпријатието. Според неа, ВМРО – ДПМНЕ се однесува како изминативе 12 години да биле опозиција.

Таа го одвивни претходникот на Илиоски, Пецо Димоски и екс градоначалникот Марјан Ристески дека двапати го продавале поранешниот млечен пазар, оставајќи го  претпријатието без дуќаните за остварување приход.

-Се одзеде и сточниот пазар без надомест, а за кој се подигна кредит од четири милиони денари за уредување. Се одзеде просторот за продажба од камиони каде се изгради катната гаража и се скусија приходите. Четирипати се покрива пазарот и  уште не е допокриен. ЈКП Пазари работи одговорно и домаќински. При примопредавањето се наследени две неисплатени плати за вработените, неисплатен регрес за годишен одмор за 2017 г. и новогодишен надомест според колективниот договор. Имаше обврски кон добавувачите од 2,5 милиони денари, неисплатено ДДВ од 1.7 милиони денари – објасни Ќососка.

Таа ја пофали советничката на ВМРО – ДПМНЕ, која побара реално трајно решение за проблемот во ЈКП Пазари.

Јованоски го смети и директорот на ЈП ПУП

Градоначалникот Илија Јованоски не го реиманува Славчо Петрески да го води  ЈП за Просторно и урбанистичко планирање, во чиј состав се и градскиот сообраќај и јавните паркинг простори. На конкурсот, тој ја избра Мери Цветаноски, вработена во конфекцијата Васидора, за најадекватен кадар кој може да ја менаџира фирмата во прогрес.  

Loading