ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЕФИКАСНОСТА

Завршена реорганизацијата на Тутунски Комбинат

otkup na tutun pp

Од многуте пријавени за доброволно заминување од Тутунскиот Комбинат (ТКП) прифатени се пријавите на 222 вработени. Со ова заврши последната фаза на реорганизација на ТКП. Се очекувањаа значителен раст на ефикасноста 

ТКП изминатите години интензивно го трансформира работењето. Со тоа почна да бележи позитивни резултати. ТКП нема долгови кон државата и навреме ги плаќа обврските кон деловните партнери и банките.

– Пред истекот на 2017 година се раздолживме кон државата. Плативме долг стар 6 години. Редовно се сервисираат обврските кон доверителите и банките. Година минавме добар откуп на тутун. Накусо направивме значителен чекор напред за враќање на финансиската стабилност. Остана довршување на процесот на реорганизација каде беа опфатени лица со висока старосна структура. Со овој чекор ја зголемуваме ефикасноста, паралелно со процесот на модернизација – истакна Кире Станкоски, генерален директор на ТКП.

Доброволното заминување од компанијата беше спроведено во соработка со Синдикатот, а новите пакети за вработените беа изработени со голема транспарентност и врз подобрен принцип, што резултираше и со голем број апликации.   

– Ова е последна фаза на реструктуирање во ваков формат. Затоа интересот на вработените беше голем. Доброволните пакети, односно условите за заминување беа направени на подобар и транспарентен начин. Луѓето пресметаа и голем дел, најмногу оние со неколку години до пензија, ја искористија шансата – вели Игор Китаноски од синдикатот на ТКП.

ТКП бележи позитивни години по стратешкото партнерство со Филип Морис. Со процесот на реструктуирање, како и со модернизацијата помогната од светскиот тутунски гигант, со подобрување на квалитетот на производите и со проширено портфолио во согласност со потребите на потрошувачите, се очекува ТКП да ја подобри ефикасноста и финансиската стабилност.

НА ЗДРАВИ НОЗЕ

Според Министерот за економија Крешник Бектеши, добро е што ТКП кој со децении беше загубар, а со тоа и еден од најгорливите проблеми на државата конечно застанува на ,, здрави нозе,,.

– Задоволни сме што еден толку битен индустриски капацитет, особено за Пелагонија, конечно работи рентабилно, се осовременува, се проширува производството и е на пат да стане модерна и успешна компанија. Владата води грижа за тутунопроизводството, бидејќи тутунот е од исклучителна важност за државата. Од него имаме голем девизен прилив – рече Бектеши.

Од тутунот живеат 23.000 семејства во Македонија. 

Loading