„ОРНАМЕНТИТЕ КАКО ПЕЈЗАЖЕН ЗНАК“

5 Atanas Atanasoski so nov  proektЛиковен проект на Атанас Атанасоски

Од денес и следните две недели во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“  биде отворена изложбата, ликовниот проект „Орнаментот како пејзажен знак“ од уметникот Атанас Атанасоски.

Според Атанасоски, идејата се надоврзува на концепцијата темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата (лини, форма, структура, боја.) кои ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот меѓу човекот и природата.

– Се нуди можност за пристап кон уметничкото изразување кое поради растечките еколошки и социјални проблеми станува сé порелевантно и социјално ангажирано. Играта на точно одредените линеарни визури, ликовната изведба се фокусира на природните материјали како податни ресурси при обликувањето на вегетативните структурални површини. Од културната стратиграфија, како инспиративен момент е орнаменталната декорација, кој и претходно била својствен мотив за мојот творечки сензибилитет. Орнаментот нема само декокративна функција, туку претставува конститутивен елемент кој ќе ја изгради семиолошката и симболичка структура. Тој ќе се манифестира како стилистички факт на просторни метафори, откривање на галактички светови. Светлината иако  вибрира врз композицијата, со благите прелевања на светло-сенките, уште повеќе ќе ја ритмизираат и динамизираат играта на фасцинации, создавајќи го монументалниот мозаик – вели Атанасоски.

8 Povtorno kreativen proekt na  Atanasoski

Loading