АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Оптимизмот ги отвара и непостоечките прозорци.

Х

Вистината боли, ама вистинската болка ја чувствуваат само недолжните.

Х

Не е добро да висиш на телефон со денови. Добро е да сфатиш дека си извисен.

Х

Додека се колневме дека и животот ќе го дадеме за татковината некои ја даваа татковината за својот подобар живот.

Х

Додека чекаше да го побараат – се брадоса.

Х

Многумина претпочитаат да уживаат во зеленилото на банкнотите наместо во градското зеленило.

Х

Долго чекаше да го погоди среќата, а откако тоа се случи – се стаписа!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading