Исчезна првата прилепска модерна боемска кафеана – Градската кафеана во центарот. Таа сега е казино, а дел од неа други трговски објекти.
Откако се урнаа и се затворија кафеаните во хотелите Јадран и Балкан во центарот, Градската кафеана стана собиралиште на боемите и мајтапчиите. Имаше столици и за бистрење политика, за прогнозирање на резултатите на Победа. Се кроеја и кадровски решенија, се токмеа бизнис планови за социјалистичките фабрики. Уметниците црпеа инспирација низ муабетите со чашкаа ракија и кафе.
Едноставно, Градската кафеана беше центарот на светот за Прилеп. Лете со бавчата, а зиме со затворениот дел и нестандардниот стил на услуга на келнерот Бајчо и неговите, колеги, наследници.
Исчезна Градска, но остана да зрачи градскиот дух од ѕидовите и околината. Затоа и денес постарите се подзавртуваат кон стаклата што блескаат во разни бои и реклами, барајќи го со погледот старото руво на Градска. Сликата е потсетување на корените на Градска, пред да í се стори сефте и да го заземе епитетот, најпопуларна кафеана.