РЕТРОПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА ОД ВАСИЛ КОСТОВ

6 Vasil Kostov so retrospektivna  izlozba pred sograganiteРетроспективна изложба со 36 дела од творештвото на нашиот уметник Васил Косов ќе биде отворена во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“  вечерва од 19 часот.

Изложбата на Костов, член на ДЛУП и ДЛУМ, е претстава на еден творечки опус, на една личност, зафаќање во сите периоди од раст и развој на авторот – забележува Габриела Николоска.

-Темите се најразлични историја – револуција – непокор, сакрално, природа од микро до макро објекти, архитектура, вселена, Прилеп провејува, а низ Прилеп светот. Диптих, комбинирана техника, масло на платно или лесонит, јаглен и креда, метал и боја. Бои. Димензии. Упорност во творењето. Од шеесеттите години на минатиот век до вчера. Делата повикуваат на размисла, разговор и предизвикуваат восхит. Јазикот е оригинален со рамнотежата меѓу формата, композицијата, идејата и нарацијата – вели Николоска.

Костов е добитник на деветтосептемвриската награда во 1993 година и на други награди за сликарство и сценографија, бидејќи работеше како сценограф во театарот. Тој е и графичар,  акварелист. Имал самостојни изложби во земјата и во странство. Остварил престои во Париз, Венеција, Москва, Варшава…

Loading