ИЗЛОЖБА НА МАРЈАНА КОСТОЈЧИНОВСКА УЗУНЧЕВА

Творештвото на академскиот уметник Марјана Костојчиноска Узунчева ќе биде претставено вечерва од 19.30 часот во галеријата „Борко Лазески“. Таа се претставува со колажи на платно или дрвена подлога. Конструкцијата на сликата е изградена со помош на разновидни парчиња на материјали, народни везови, поставувајќи ги стратиграфски, слоевито едно под друго. Дополнително уметникот интервенира со помош на сликарска боја.

Во уметничките дела се бележи стремежот за создавање на евокативна уметност. Тоа подразбира дека посетителот, како и уметникот, стануваат активни чинители. Дел од уметничкото дело преку набљудување, низ имагинативен прозорец и одредена временска рамка, влегува во платното Творештвото на Костојчиноска Узунчева, според начинот на изразување, припаѓа на енформелот.

Д-р Марјана Костојчиноска Узунчева, член на ДЛУМ, има освоено неколку награди за сликарство. Имала повеќе изложби. Била учесник на значајни ликовни колонии.

Loading