МАРУЛ ВО „МАТИЧНИТЕ“ КНИГИ (20)

Screenshot 1

Фељтон: Белешките на Томе Велјановски

-Со цел да ги заштити од заборавот, марулчанецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг, во Шведска пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и карактеристични настани. Изнесените факти се според сеќавањата на Велјановски. Записите се оригинални, со правописни грешки и дијалект.

Број 12. Раненичиња земени од други населени места во село Марул

31.Танески Ристе старосват му е на Јованоски Димитар и за втората венчавка во 1943 година, брат на мајка му Петра.

32. Танески Ристе старосват му е на Јанкоски Китан во 1943 година, брат на мајка му Петра.

33. Танески Недан старосват му е на Јанкоски Цветко – Цане, брат на мајка му Петра.

34. Ризоски Колески Јован старосват му е на Јошески Котески Петре во 1945 година, брат на мајка му Јана.

35. Ризоски Колески Богдан старосват му е на Јошески Котески Киро во 1951 година, брат на мајка му Јана.

36. Колески Ванчо старосват му беше Јованоски Анѓеле во 1972г., прв брачед од вујко.

37. Колески Ванчо старосват му е на Јованоски Данчо, прв брачед од вујко.

38. Колески Ванчо старосват му е на Јованоски Драган во 1981 година, прва брачед од вујко.

39. Колески Мојсоски Цветан старосват му е на Јованоски Јосив, прв брачед од вујко во Сиднеј, Австралија.

40. Јовчески Трајан старосват му е на Јошески Котески Зоре во 1993 година, прв брачед од вујко.

41. Јовчески Гулаб старосват му е на Јошески Котески Бранко, прв брачед од вујко во 2001 година.

42. Стојкоски Алекцо старосват му е на Петрески Љубе Бабјако, полубрат на мајка му Весела.

43. Стојкоски Алекцо старосват му е на Петрески Миле Бабјако, полубрат на мајка му Весела.

44. Стојкоски Алекцо старосват му е на Петрески Зоре Бабјако, полубрат на мајка му Весела.

45. Павлески Павле старосват му е на Јанкоски Пецо во 1985 година, брат на мајка му Верка.

46. Павлески Миле старосват му е на Јанкоски Ристе во 1992г., брат на мајка му Верка.

47. Павлески Славе старосват му е на Јанкоски Жарко, брат на мајка му Верка.

48. Павлески Богоја старосват му е на Ризоски Бошески Славе, брат на мајка му Спасија.

49. Ризоски Бошески Трајче Горнин старосват му е на Ризоски Гоце Долнин во 1969 година, брачед на мајка му Цветанка.

50. Ризоски Бошески Бориз Горнин старосват му е на Ризоски Бошески Панде Долнин во 1974 година, брачед на мајка му Цветанка.

51. Дамјаноски Благоја старосват му е на Мојсоски Колески Пецо, брат на мајка му Слободанка.

52. Димоски Богданоски Јанкоски Трајан старосват му е на Петрески Горан Бабјак, брат на мајка му Мара.

53. Петрески Ванѓел Бабјак старосват му е на Павлески Богоја во 1970 година, брат на мајка му Анѓа.

54. Ристески Мурџески Методија старосват му е на Атанасоски Гоце на 6 мај 2001г., брат на мајка му Саветка.

55. Јанкоски Цветко (Цане) старосват му е на Димоски Јанкоски Трајан во 1986 година, прв брачед од стрико на мајка му Најденка.

56. Стојаноски Котески Сребре старосват му е на Здравески Чонески Пецо, брат на мајка му Марија.

57. Танески Недан старосват му е на Јанкоски Цветко – Цане во 1955 година, брат на мајка му Петра.

58. Колески Мојсоски Ванчо старосват му е на Јованоски Арсе во 1977 година, први братучеди се од брат и сестра.   

Број 14: Вистината за презимето Смилевци

Смилевци, Смилевчани, Смилевчанец, Смилевчанка. Презимето не дошло од некое човечко име, него дошло од девојката Анѓелина од с. Смилево. Во времето после мариовската буна во 1564/64г. се дала наредба од скопскиот вилает за исламизирање на христијанското население. На чело на исламистите застанал некој оџа Исмаил. Исламирањето започнало од скопскиот вилает преку Западна Македонија. Во таа нивна политичка верска работа имале успех се додека не дошле до с. Ѓавато, село западно од Битола. Исмаил оџата во селото Ѓавато бил убиен од месното христијанско население. Темпото за исламизирање продолжило во сосема изменет начин со помал притисок. Некои турски исламисти дошле во с. Смилево и ја забележале многу личната мома смилевчанката Анѓелина, сакале да ја грабат и да ја исламизираат. Во тој момент не успеале, се повлекле под силен притисок на смилевчани. Насилниците исламисти дошле во с. Смилево по втор пат во ноќно време за да е грабнат момата Анѓелина. Домашните луѓе со помош на смилевчани личната Анѓелина е врзале со ортома, е извадиле низ баџата на куќата, е сокриле во планината. Турските исламисти лути се заканиле дека селото Смилево ќе го запалат, се вратиле назад без успех. Смилевчани стапиле во контакт со ајдучките чети на Анѓеле беранчанчето и Стојче добрушевчанчето. Наредните ноќи дошле четите на овие ајдучки водачи наоружани до заби со четири товарити коњи. На еден од коњите е качиле момата Анѓелина, додека на трите коњи носеле оружје, вода и храна. Во ноќно време стигнале во с. Добрушево кај осамените стари луѓе, баба и дедо Николовски стари деленици на Пупевци. Тука е сокриле смилевчанката Анѓелина. Со времето Анѓелина духовно се ослободила од стравот. Се омажила, зела момче домазет и постанала наследник на имотот на Николовци. Добрушевци Анѓелина е завикале смилевчанката по нејзиното родно с. Смилево. Се изродиле нејзини деца. Таа децата ги воспитувала да се нарекуваат Смилевци. Му давала презиме Смилевци за да не се заборави нејзиното родно село Смилево и успеала во тоа. Од нејзиното потомство една женска пол девојка се омажила во с. Вешерејца и таму нејзиното си го задржала презимето Смилевци, по тоа се гледа нејзиниот национален и религиозен патриотизам и незиното потомство и ден денес го чува презимето Смилевци. Анѓелиното потомство со презимето денес е доста распространето од Европа до Америка и Австралија. Овие двајца ајдучки водачи Анѓеле и Стојче често пати биле видувани како заштитници на својот народ од разните арамиски банди од новонаселените јуруци од Мала Азија во дотогашните македонски села: Горно село, Канатларци, Сливово, Ерековци, Еленик, Мусинци. За нивната храброст и пожртвуваност народот му испеал повеќе песни  кој се пееле и играле на разни верски средби. Се пееле под туѓи режими. Во денешна македонска држава нивната историска значајност отиде во заборав. Треба да се знае историјата е корен на нацијата и државата. Раскажано од свештенико Смилески Ванѓел од с. Добрушево 1893 – 1986, беше свештеник во Марул од 1945 до 1970г. Дополнил Смилевски Богоја, раненик во с. Марул.       

Крај

Запишал В. Томе 22. 10. 2017г.

Loading