ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ЗА ПИЛОСКИ ЗА „СЛАТКИ СОНИШТА“

Во Хрватска

Zlatna plaketa za Pilovski vo  Hrvatska

Сограѓанинот Зоран Пиловски ја доби златната плакета на УНИКА на хрватскиот фестивал на едноминутен филм во Пожега. Од 494 филмови од 44 земји ,,Слатки соништа,, влезе во потесната селекција од 60, за на крајот да успее да се наметне како највпечатлив за прецизното око на реномираното жири.

-Честа за наградата е поголема затоа што главен во жирито беше еден од најпознатите светски сценографи Алан Старски кој е добитник на Оскар за филмот Шиндлерова листа, како и за филмот Пијанист. Ова е големо искуство. Го претставува Прилеп и Македонија на фестивалот, македонското знаме се вееше во Пожега. Филмот стартува со Градскиот саат, а пресудно за наградата беше идеја што е основната насока од УНИКА. Во филмот од 59 секунди идејата е сиромаштијата – вели авторот Зоран Пиловски.

Посебната награда на УНИКА се доделува за промовирање на разбирањето меѓу народите и новиот начин на филмското изразување. Хрватскиот фестивал на едноминутен филм е реномирана манифестација во светски рамки кој што годинава го имаше 26-тото издание.

Loading